Snow Service srl

Snow Service srl

Snow Service srl
+39 059.931483

Spargisale Alaska

ПОСИПУВАЧ НА СОЛ АЛЈАСКА

Посипувачот на сол Алјаска е соодветен за моторни возила со вкупна тежина > 50 квинтали.

Прочитајте сè...

Постојат неколку модели кои се разликуваат во функциите во зависност од носивоста на возилото на кое се поставува посипувачот на сол,всушност се достапни:2m3, 3m3, 4m3, 5m3, 6m3, 7m3, 8m3, 9m3 . Посипувачот на сол Алјаска, од 2m3 до 5 m3, целосно е изработен од нерѓосувачки челик INOX AISI 304, само за моделите од 6m3 до 9 m3 е достапен и од железо. Посипувачот на сол Алјаска е достапен со три различни системи за посипување: синџир од нерѓосувачки челик – инокс, гумен каиш и сврдел и двоен сврдел. Во основната верзија на Алјаска има сито, систем за поврзување со хидрауличниот систем на возилото, електричен уред; трепкачко светло и заден фар; биполарен кабел за поврзување со батеријата и контролен панел со копчиња. Може да се надгради со дополнитена опрема како панел со копчиња Ecomatic gps за автоматско распрскување според брзината на возилото, помошен дизел или бензински мотор, ПВЦ покривка, уред за развлажнување и друго.

Lama B3S14

СНЕЖЕН ПЛУГ B3S14

Чистачот на снег со плуг B3S14 е соодветен за средни и високи наноси од снег и може да се монтира на камион, земјоделски трактори и товарач со гумирани тркала.

Прочитајте сè...

Снежниот плуг целосно е изработен од челик со високи механички карактеристики и е опремен со контра-плоча за кука согласно со нормативата DIN 76060/A. Предниот дел е поделен на три/четири делови, независни еден од друг, секој од деловите поседува систем за отпорност на удар составен од долен заштитен дел од пластика и клипњача, за дигалка. Механичкиот краен прекинувач е во позиција на максимален наслон и механички централен систем кој овозможуваа попречен агол на лизгање +5°. Фарбањето е со печење со специјален третман против корозија и завршен слој RAL 2011. Вентил за ограничување на притисок за амортизација при страничен удар, цевки R2 со фитинг и стандардни брзи спојки. За монтирање на камиони има електро-хидрауличен погон 12V/24 V со панел со копчиња, инсталиран на контра-плочата на чистачот на снег со плуг. Има можност за дополнителни опции како кочници против лизгање, тркала за потпирање кои се регулираат во висина, заштитно платно против прскање, гума против прскање.

Modulo Idrico Polivalente

ПОВЕЌЕНАМЕНСКИ СИСТЕМИ ЗА МИЕЊЕ – ЗА МИЕЊЕ НА УЛИЦИ

Повеќенаменскиот систем за миење може да се користи со пумпи под висок, среден и низок притисок.

Прочитајте сè...

Претставува едноставен и многу ефикасен уред за брзо извршување на следниве активности: наводнување на зелени површини; транспорт на вода што не е за пиење; миење и санитизација на јавни површини; миење на јавни постојки; миење и дезинфекција на контејнери за отпад; распрскување на хербициди и заштита на зелените површини од штетници; миење на улици; распрскување на солен раствор - антифриз; заштита од ситни честички (PM10). При примена на пумпи под висок притисок и соодветен распрскувач, може да се користи за гаснење на шумски пожари од помал размер. Сите повеќенаменски системи за миење може да работат преку системот на возилото (приклучно вратило / хидраулична преса) на кое се инсталираат, или со помош на помошен бензински, дизел или електричен мотор. Цистерните изработени од фиберглас или инокс 304/316 се поставени во соодветни челични рамки изработени согласно димензиите на возилата на кои ќе се инсталираат. Сите цистерни имаат заштитна внатрешни препреки за да се спречи нишање на возилото; спојка со отвор; надворешна либела; топчест вентил со спојка за полнење и празнење. Кај противпожарниот систем AIB (за шуми), цистерните имаат повеќе прскалки кои овозможуваат прскање дури и кога возилото се наоѓа на стрмен терен.

ПОБАРАЈ ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ

Powered by ChronoForms - ChronoEngine.com